Советникот на ДУИ во Велес гласаше „за“ интонирање на македонската химна во основните училишта

t

Единствениот советник на ДУИ во Општина Велес, Невзат Муаремовски, гласаше „за“пеење на македонската химна во основните училишта во Велес. На гласањето на предлогот, што се гледа и преку видео снимката, Муаремовски гласа „за“.

„Кој е за? Констатирам дека со 20 гласа „за“ е одобрен предлогот за интонирање на химната на Република Македонија во основните училишта на општина Велес“

Телевизијата Алсат го контактираше Муаремовски, за да ни објасни зошто гласал за предлогот.

Муаремовски ни кажа дека гласал погрешно.

„Мислев дека е само за средни училишта. Направив грешка”, рече Невзат Муаремовски, советник од ДУИ во општина Велес.

Но, тој не објасни како ваквата одлука ќе се одрази со оглед дека во Велес има албански паралели и во средните училишта, гимназијата и економското средно училиште. Муаремовски и самиот е наставник во основно училиште.

Оваа одлука ДУИ пред еден ден ја препиша на коалицијата ВЛЕН. Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми преку реакција на социјалната мрежа Фејсбук му честита на ВЛЕН за ова достигнување.

„Додека г. Таравари изјави дека не ја знае државната химна, од денеска во Велес станува задолжително пеење на химната на Република Северна Македонија во основните училишта! Честитки за ВЛЕН!“, изјави Арбер Адеми, потпретседател на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГЕРМАНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОЈНА, УСТАВ ГИ…

Генералниот инспектор на Бундесверот Брејер смета дека…

Италија ја обвини Русија дека извршила воено…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

Срби тргнале на одмор во Грција, ама…

Вчера било пријавено дека на автопатот во…

„Моите пријателки сакаат да носам помалку откривачки…

Требаше да одиме една недела на одмор…