Советник на Левица го откри идентитетот на инспекторот: Ова е човекот кој го казни со 7 илјади евра угостителот во Гевгелија

t

Саше Јанчев е Советник од Левица во општина Гевгелија, тој на својот Фејсбук го откри идентитетот на инспекторот кој го казни угостителот градот со казна од 7 илјади евра, казна која најверојатно ќе го примора да го затвори својот ресторан.

-Ова од лево на првата слика е инспекторот по чиј налог за сертификати беше напишана казна од 7 000 евра и забрана за работа 10 дена на ресторан во Гевгелија.

Сопственикот на ресторанот си беше гласен критичар на бившиот министер за задгробен живот, Венко, да оној за кого внатрепартиски си викаа ако падне Венко сите паѓаме, и ова сеа што се случи си има скриена порака.

Пораката е да не бидете многу гласни оти коа ќе ве удрат со демократија по глава нема да знаете на кај да фатите.

А тој другиот лепотан, на другата слика, е исто инспектор кој дојде во слична таква акција во истиот ресторан уште пред да си одат ЗЗ и Венко.

Последнава инспекција е најубав пример за природата на сертификатите како средство за демократија, северни европски вредности и заштита на јавното здравје.

Фашизам на дело, пишува Јанчев.

„Ми го уништија бизнисот, не можам да платам 7,000 евра казна за Ковид сертификати“, рече Илија Митрев, сопственик на ресторанот „Крим“ од Гевгелија, кој бил казнет од инспекцијата поради неколку гости кои седеле во локалот со лажни сертификати за вакцинација против ковид-19.

„Две години се боревме да преживееме. Две години не можеме два денара да извадиме. Позајмици правам да платиме струја, плати. Ова е катастрофа. Дали сум јас или некој друг, вака не бива. Јас не сум убиец. Идат гости, во време кога има 100,000 лажни сертификати, кога економијата е нула, ова ни го прават, знаете ли колку пара е седум илјади евра?, изјави сопственикот Ице на собирот на граѓани пред неговиот ресторан кои дојдоа да му изразат поддршка против неправедната одлука на гевгелиската инспекција“, рече Митрев вчера пред неколку десетици луѓе собрани пред неговиот локал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…