Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Конче нападнал повозрасен сограѓанин – Случајот е пријавен во МВР
Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Конче вчера повторно нападнал граѓанин. Од истиот советник поплаки до редакцијата на Инфомакс во изминатиот период пристигнаа од бројни граѓани поради вербални и физички напади, генерално од политички причини или кон неистомисленици.
Вчера од страна на советникот Ирфан Баро нападнат бил повозрасен граѓанин, информираат од семејството на нападнатиот. Тие за Инфомакс велат дека советникот се појавил и почнал да го навредува нападнатиот, по што покрај вербалните напади имало и обид за физички напад.
Како што велат од семејството на нападнатиот, случајот е пријавен во МВР, ПС Радовиш и додадоа дека се вознемирени затоа што нападот се случил без никаква причина, а се работи за возрасен човек кој исто така е вознемирен и од навредите и од одбидот за физичка пресметка.
Инфомакс вчера побара потврда за настанот од СВР Струмица, меѓутоа одговор се уште нема.
Инаку, советникот е веќе осудуван за телесна повреда.
Во продолжение дел од пресудата
П Р Е С У Д А
ОБВИНЕТИТЕ:
1.Обвинетиот М.Н, живее с. Конче, работи во Општина Конче, не оженет, македонец, државјанин на РМ, со завршено средно образование, војска служел 1994 година во Скопје се води во воена евиденција на МО ПЕ Радовиш, се издржува од плата од 12.000,оо денари, не казнуван, не се води постапка за друго кривично дело.
2.Обвинетиот Ирфан Баров, од татко …, мајка… , роден на … година во Штип живее во с.Конче, земјоделец, ожененет татко на 1 малолетно дете, турчин, државјанин на РМ, со завшрено средно образование, војска служел 2002 година во Битола, се води во воена евиденција на МО ПЕ Радовиш, се издржува од приходи од земјоделие на годишно ниво од 150.000,оо до 180.000,оо
денари, не казнуван, не се води постапка за друго кривично дело.
В И Н О В Е Н И С Е
II. Обвинетиот Баров Ирфан.
ЗАТОА ШТО:
На ден 11.07.2010 година во околу 24 часот во с. Конче на фудбалското игралиште во училишниот двор каде што се одржувала фудбалка утакмица телесно го повредил приватниот тужител-обвинетиот Нацо удрајќи со тупаница во пределот на лицето – носот и устата со што му нанел повреда рана на внатрешната страна од горната усна во должина од 2 см. покриена со краста, во пределот на носот чувство на болка при допир.
Со што сторил кривичнио дело „Телесна повреда“ од чл.130 ст.1 од КЗ, врз основа на чл.4,32,38 ,39 и 44 од КЗ и чл.369 од ЗКП им утврди за оделните кривично дела казни и тоа:
II. На обвинетиот Баров Ирфан:
1.За кривичното дело „Телесна повреда„ од чл.130 ст.1 од КЗ, под точка 1 парична казна од 40 дневни глоби сметано по 5 евра или во денарска противредност од 307,оо денари за една дневна
глоба или во вкупен износ од 12.280,оо денари. Па судот врз основа на чл.4, 32, 38,39 и чл. 44 од КЗ и чл.369 од ЗКП ги:
О С У Д У В А
На единствени казни:
I. Обвинетиот М.Н на парична казна од 65 (шеесет и пет) дневни глоби сметано по 5 евра или во денарска противредност од 307,оо денари, за една дневна глоба или во вкупен износ од 19.955,оо денари.
II.Обвинетиот Баров Ирфан на парична казна од 40 (четириеесет) дневни глоби сметано по 5 евра или во денарска противредност од 307,оо денари, за една дневна глоба или во вкупен
износ од 12.280,оо денари.

Претходно поплаки од истиот советник имаа други граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Конче нападнал повозрасен…
Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Конче вчера повторно…
Мицкоски: По очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ, логично…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Струмица изјави…
(Видео) ХАОС пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во…
Хаос се случувал денеска пред штабот на…
Анастасов: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги оставија пробиштипјани…
Поради советниците од ВМРО-ДПМНЕ, денес јаловиштето во…
ВМРО-ДПМНЕ го уништи Ѓорче Петров, Стојкоски ја…
Стојкоски нема реализирано ниту еден капитален проект…