ВМРО-ДПМНЕ го уништи Ѓорче Петров, Стојкоски ја задолжува Општината, а не реализира ниту еден капитален проект!
Стојкоски нема реализирано ниту еден капитален проект од средствата кои ги доби од унгарскиот кредит, но и од претходната Влада на СДСМ, истакна во гостување во „Студио 10“ на ТВ24 кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски.
– Нема алтернативна сообраќајница, нема решение за притисокот на водата, има само повеќе згради. Во последните 20 години, 16 години во Ѓорче Петров, ВМРО-ДПМНЕ има локална власт, од тие 16 години Стојкоски активно е вклучен минимум 9 години како член и претседател на Совет на Општина Ѓорче Петров, како градоначалник и како пратеник уште две години, вели Ацевски.
Ацевски објасни дека градоначалникот Стојкоски распишува јавни набавки за кои нема обезбедено средства, а долгот на Општината континуирано расте.
– „Во однос на транспарентноста, јавни седници на советот нема, во моментот општината е задолжена и долгот иде накај 8 милиони евра, Стојкоски распишува јавни набавки за кои нема средства во Буџетот, парите од унгарскиот кредит се потрошени, а овие јавни набавки кои сега се распишуваат ќе се плаќаат со пари што треба да се обезбедат во иднина.“ – нагласи Ацевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…