Советниците на Тошковски и Исени секој месец нѐ чинат 934.858 денари – Заменикот си има паралелен кабинет

t

23 лица ги советуваат министерот и заменикот на министерот за внатрешни работи, за плати помеѓу 28 и 66 илјади денари месечно, или вкупно секој месец советниците на Тошковски и Исени нѐ чинат 934.858 денари.

Согласно листата која ја добивме од Министерството за внатрешни работи, министерот Тошковски има кабинет од 12 лица кои му помагаат во работата.

Прв е државниот советник Ристо Ставревски кој му е и шеф на кабинет на министерот Тошковски, а кој месечно за неговата работа добива 66.453 денари. Ставресвки беше началник на СВР Скопје за време на техничката Влада во 2020 година, а во МВР работи подолго време, бил дел и од кабинетот на поранешната министерка Гордана Јанкуловска.

Владимир Велковски е државен советник за полициски и криминалистички работи, а на истата позиција има уште еден советник, а тоа е Горанче Савовски, Двајцата добиваат плата од 60.880 (60.889) денари. Савовски е долговодишен вработен во МВР, инаку дипломиран криминалист кој и претходно извршувал раководни позиции во МВР, а беше и поранешен директор на БЈБ.

Наталија Мукоска е државен советник за правни работи во кабинетот на министерот Тошковски, а нејизната плата изнесува 55.954 денари.

Гордана Ангеловска е државен советник за полициски и криминалистички работи, со плата од 61.433 денари.

Татјана Ташаминова Србиновска е генерален советник за финансиски работи, со плата од 51.340 денари.

Генерален советник за организациски работи е Горан Милевски, кој добива плата од 56.494 денари. Иста титула има и Томислав Кежаровски, но за малку помала плата од 50.219.

Државен советник за управување со човечки ресурси е Владанка Шиндева, која моментално со наредба е во Одделение за прекршоци во Сектор за внатрешни работи Скопје, со плата од 62.270 денари. Генерален советник пак, за управување со човечки ресурси е Зорица Димовска, со плата од 51.337 денари.

Марјан Здравковски е државен советник за телекомуникации и информатика, со плата од 61.513 денари.

Во кабинетот на министерот останува уште Снежана Петровиќ Арсовска, која е ангажирана со договор, не е наведена која е нејзината позиција во кабинетот, а нејзината плата е 55.000 денари.

Од МВР информираа дека дел од овие лица остануваат на истите позиции како што биле во мандатот на претходниот министер.

Ај што министерот Тошковски има кабинет од 12 лица, сепак е министер, ама како заменикот на министерот си прави паралелен кабинет од 11 лица, а негова работа е да го замени министерот во работи кои самиот министер ќе му ги определи…

Астрит Исени, во кабинетот ги собрал Дугаџин Каштањева, како државен советник и шеф на кабинет на заменикот-министер. Истиот има плата од 63.627 денари.

Заменикот има и паралелен советник за правни работи, позиција на која е ангажиран Џевдет Азизи со плата од 61.007 денари.

Ариф Хасани и Мухамед Исмаиљи се државни советници за полициски и криминалистички работи со плати од 64.700 и 66.879 денари.

Сабри Куртиши е државен советник за управување со човечки ресурси, со плата од 63.789 денари, додека Ајтен Ајрулаи е генерален советник за правни работи со плата од 54.252 денари.

Рамиз Ајдини Османи е Виш советник за организациски работи со плата од 34.666 денари.

Во кабинетот на заменикот Исени, со наредба да иззвршуваат итни, неодложни и специфични работи се ангажирани Мерита Шехи (37.975 денари) и Бастри Шакири (31.877 денари).

Со договор во кабинетот на Исени се ангажирани уште две лица и тоа Јетон Мехмети (37.975 денари) и Суфјан Реџепи (28.303 денари)

За плати на овие советници месечно МВР издвојува 934.858 денари или околу 15,3 илјади евра.

Инаку, МВР претходно ја објавуваше јавно листата на советници во кабинетот на министерот, но моментално веб-страницата на МВР во тој дел е празна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советниците на Тошковски и Исени секој месец…

23 лица ги советуваат министерот и заменикот…

Според МВР 14-годишник го предизвикал пожарот во…

На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје…

ТВ Телма: Панче vs Тошковски – Додека…

До вторник, зад собранието, треба целосно да…

БРУКА ВО МВР: Поради Наим Рамука и…

Никој не го „гиба“ Африм Гаши, ниту…

Го осудиле за фалсификат диплома, ДПМНЕ го…

Владата се чини дека „не знае кај…