Советници открија дива депонија во Илинден – наместо расчистување, добија закани од власта

t

Кандидати за советници од редовите на СДСМ и Коалицијата денеска наутро алармираа за постоење на дива депонија во с. Миладиновци, општина Илинден, и предупредија дека постои сериозен ризик ситуацијата со загадувањето од Дрисла и Вардариште да се прошири и во овој регион. – стои во соопштението на СДСМ.

Советниците објавија видеа и фотографии на своите профили на социјалните мрежи, а доказите ги доставија и до директорот на Јавното комунално претпријатие во Илинден, Борче Мицановски со барање за итна интервенција.

https://www.facebook.com/miso.markovski.3/videos/2053981525429539

Наместо брза реакција, расчистување на депонијата и обезбедување на просторот, директорот на јавното претпријатие, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, се заканил на кандидатите за советници дека ќе ги пријави за „намерно потпалување“ на депонијата.

Овој скандалозен однос е јасен доказ за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ но и на стравот дека ќе бидат казнети од граѓаните.

Наместо да ги заштитат граѓаните и нивното здравје, наместо да работат и веднаш да преземат мерки во ВМРО-ДПМНЕ мислат дека со закани и обвинувања некого ќе замолчат или дека ќе побегнат од одговорноста.

Ниту СДСМ ниту кандидатите за советници нема да молчат, гласно ќе зборуваат за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ во Илинден и ќе бараат решенија.

Граѓаните на Илинден не заслужуваат нова депонија туку чиста и безбедна животна средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советници открија дива депонија во Илинден –…

Кандидати за советници од редовите на СДСМ…

Новиот претседател на ССК: Се надеваме дека…

Новиот претседател на Сојузот на стопански комори…

Ќе има бркање од работа – До…

Како да се спроведат реформите со цел…

МВР со детали за инцидентот во болницата…

Денеска (19.09.2025) околу 12.00 часот во ОВР…

Мало сутра – Мицкоски: Поробусна акција за…

Со праќање писма до европратеници, како што…