Ќе има бркање од работа – До 40% кратење на јавната администрација, најави Минчев
Како да се спроведат реформите со цел да се укине партизацијата која секоја власт на свој начин ја внесува во администрацијата. Министерот Горан Минчев на денешното потпишување меморандум со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, рече дека ваквите вработувања доведе до гломазна но слаба администрација. Затоа смета дека треба да има укинување на некои од надзорните и управните одброи, односно кратење на 40 проценти на администрацијата.
-Следи една општа функционалност односно спојување на одредени институции во други со кои што практично ќе влеземе во еден процес кој што ни е обврска од Европската унија а тоа е кратење на 40 проценти на буџетските корисници. Сведоци сме дека имаме голем број на институции кои што имаат по еден, по два вработени или пак да кажам дека тие во минатото се направени за да задоволат некои политички или партиски потреби, изјави Горан Минчев, министер за јавна администрација.
Во обуката на македонските административци со цел нивно поефикасно работење и подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните ќе се вклучи и Франција. Јавните службеници треба добро да раководат и да бидат своевидни менаџери и вешто да управува со работењето, порача францускиот амбасадор Ле Риголер.
-Во однос на обуката на јавните службеници постојат голем број на предизвици затоа што треба јавните службеници да бидат професионални затоа што станува збор за управување со државата, познавање од правните области и исто така и управување. Еден државен службеник треба да биде своевиден менаџер, односно вешто да знае да управува со целата своја екипа но исто така да може и да ги спроведува одлуките кои што доаѓаат од власта, изјави Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Р. Франција.
Риголер истовремено рече и дека спроведувањето на реформите во земјава одблиску се следат од Европската унија и дека наскоро ќе биде издаден Извештајот за напредокот на сите држави кандидати за членство. Реформите што ги бара ЕУ не треба да се гледаат како обврска туку нешто што ќе го подобри животот во земјата истакна тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Владата сега се задолжува за да…
По обвинувањата од опозицијата дека Владата за…
Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за…
На предлог на гувернерот на Народната банка…
Приведен насилник: Ги тепал своите сопруга и…
На 01.09.2026 во 22:30 часот во струмичко…
Јаневска: Наставниците во март 2027 година добиваат…
Нов раст на примањата ги очекува наставниците…
Колку ракети „Патриот“ ќе купи Украина со…
Украина побара од Европската комисија да издои…