Советничката листа „За живот во Кочани“ претстави декларација за работа без надомест

t

Независната советничка листа од Кочани, „За живот во Кочани“ објави декларација за работа без надомест, со кој се обврзуваат дека нема да ги примат советничките плати, туку ќе ги вратат назад во буџетот на Општина Кочани.

„Ние, независната советничка листа „За живот во Кочани“, денес стоиме пред вас со една јасна порака и силна определба:

Советот на Општина Кочани мора да си го врати дигнитетот, довербата и вистинската улога – да служи на граѓаните, а не на личните интереси!

Затоа, јавно ја претставуваме нашата декларација за работа без надомест, со која се обврзуваме дека нема да ги примаме советничките надоместоци, туку тие средства ќе ги насочиме назад кон вас – граѓаните.

На годишно ниво тоа значи заштеда од 85.000 евра,

 а до крајот на мандатот – речиси 350.000 евра кои ќе бидат пренаменети за решавање на вистинските проблеми во нашата општина.“

Тие им дадоа рок и на другите советници од останатите советнички листи, да ја потпишат декларацијата и да докажат дека се борат за градот, а не за сопствениот интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советничката листа „За живот во Кочани“ претстави…

Независната советничка листа од Кочани, „За живот…

БУРУ го “размрда” Скопје

Викендов, во саботата, се одржа првата БУРУ…

Кривична пријава против малолетник од Скопје кој…

Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје поднесе…

Мециновиќ: Џабе забраните, ќе водиме кампања на…

„Забраната за политичко рекламирање нема да ја…

СДСМ: Мицкоски, кој доаѓа од високата класа,…

Додека Мицкоски продолжува да ги убедува граѓаните…