Мециновиќ: Џабе забраните, ќе водиме кампања на улица и ќе се бориме против приватизацијата на „Дрисла“ и „Комуналец“

t

„Забраната за политичко рекламирање нема да ја сфатиме како пресудна пречка во оваа кампања. Кампањата ја префрламе на улица, без бини и микрофони. Ние ќе бидеме од наутро до навечер присутни на улиците каде што скопјани и секој поединачно ќе можат да дојдат до нас и да разговараат“. – порача андидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ.

Во следните 20 дена од изборната кампања, Мециновиќ најави фокус на состојбата во Град Скопје и во јавните претпријатија. Посочи дека постои план за нивна приватизација, а како пример ја даде депонијата Дрисла.

– Ако ни биде доверен мандатот во Советот на Град Скопје и на позицијата градоначалник, првото нешто што ќе го направиме е да слеземе кај работниците. Ќе седнеме со сите работници на јавните претпријатија и ќе разговараме за условите во кои тие работат – рече Мециновиќ.

Според него, јавните претпријатија со години се запоставувани намерно, за да се оправда нивната приватизација.

– На 6 септември најавивме дека постои план за приватизација на „Комунална хигиена“ и на „Дрисла“. Четири дена подоцна премиерот Христијан Мицкоски, кој ја оркестрира и забраната за Левица, го потврди тоа, рече дека ќе има јавно-приватно партнерство за претпријатијата, вклучително и за ЈСП – додаде Мециновиќ.

Тој истакна дека „Дрисла“ е единственото јавно претпријатие кое генерира приходи за Град Скопје, а неговата приватизација би значела директен удар врз јавниот интерес. „Дрисла“ треба да се унапреди, додава тој, а не да се приватизира.

– Но, не можеме друго да очекуваме од партии чијашто единствена цел е приватизација на капацитетите на државата и на градот, партии кои во последните четири години го уништуваа и блокираа јавниот интерес на граѓаните на Скопје – нагласи тој.

Во однос на забраната за политичко рекламирање Мециновиќ истакна дека ваквите мерки се сериозен удар врз демократијата и се само еден чекор кој наговестува авторитарен режим.

– Ние можеби сме навикнати на распаднат концепт на демократија, но европските партнери се вчудоневидени од ваквиот однос на власта – посочи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија во жалост: 69 загинати во судир…

Бројот на загинати во железничката несреќа во…

Студентската листа бара оставки и пријавување на…

Претставници на Студентската листа и на студентите…

Брнабиќ: Претседателските избори ќе ги распишеме до…

Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…

(Видео) Масовни протести во Италија: Десетици илјади…

Инспирирани од бранот слични протести низ остатокот…

Карни: Канада ќе учествува во заемот на…

Канадскиот премиер Марк Карни денеска изјави дека…