Совет за национална безбедност на Косово: Србија одговорна за нападот, можна вмешаност на Русија
Со вонредната седница на Советот за безбедност на Косово, која се одржа во раните утрински часови, претседаваше премиерот Албин Курти, кој претходно имаше средба со командантот на КФОР.
Во соопштението се наведува дека „првите индиции укажуваат дека овој напад бил организиран од српската држава, која има капацитет за вакви криминални и терористички напади“.
„Елементи на терористичките организации „Цивилна заштита“ и „Северна бригада“, како и главниот криминалец Милан Радоичиќ, по директива на претседателот и Владата на Србија, планираат и тренираат во Србија за вакви професионални напади“; се наведува во соопштението, а потоа во истото соопштение е обвинета и Русија.
„Постои можна поврзаност со нападите на агресорот Русија врз Украина во текот на оваа недела, кои ги таргетираа енергетските капацитети и оставија повеќе од милион украински домаќинства без струја, а тоа е во пресрет на зимата.
На седницата, членовите на Советот расправаа за итните мерки кои се преземени и се спроведуваат со цел да се ублажат последиците од нападот и да се гарантира безбедноста на критичната инфраструктура на Косово.
„Веќе се преземени конкретни чекори за да се врати состојбата во нормала, истовремено уверувајќи ги граѓаните дека снабдувањето со вода и електрична енергија ќе се стабилизира што е можно поскоро. Покрај тоа, Советот за безбедност одобри дополнителни мерки за зајакнување на безбедноста на објектите и критичните служби како што се мостови, трафостаници, антени, езера, канали и слично иднината“, се вели во соопштението на Владата на Косово.
Владата на Косово понатаму посочува дека институциите остануваат максимално посветени да ја гарантираат безбедноста и благосостојбата на граѓаните, како и да се погрижат сторителите на овие незаконски дела да бидат изведени пред лицето на правдата.
„Нашата земја е решена и подготвена да ги заштити своите граѓани и критичната инфраструктура. Нема да толерираме такви дела кои имаат за цел да го дестабилизираат Косово и да го загрозат мирот и демократското функционирање. Ситуацијата се става под контрола, а во тек е нормализирање. Ги повикуваме сите меѓународни актери да го осудат овој напад, кој ни нанесе голема штета. Апелираме и до граѓаните да не наседнуваат на дезинформации и погрешни толкувања на хибридната војна против нашата земја и народ“, се вели во соопштението на косовската влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Совет за национална безбедност на Косово: Србија…
Со вонредната седница на Советот за безбедност…
(Видео) Вонредна прес-конференција на Курти: Терористички напад…
Косовскиот премиер Албин Курти вчера вечер на…
(Видео) Oфанзива на џихадистите во Алепо, сириските…
Бунтовниците и нивните сојузници, кои започнаа голема офанзива…
Бајден: Русија изврши ужасен воздушен напад врз…
Русија изврши ужасен воздушен напад врз Украина…
Фрлена бомба во близина на општинската зграда…
Синоќа нешто пред полноќ е фрлена експлозивна…