Објавено на:

Создавањето на Народна Република Тексас е сè пореално“, Медведев има своја теорија

t

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, се осврна на кризата што владее на границата со Тексас и рече дека на САД можеби им се „насмевнува погубна граѓанска војна“.

Медведев, исто така, го критикуваше како што го нарече „сенилниот Бајден“ за големиот број мигранти кои се обидуваат да влезат во САД од Мексико.

Рече дека можноста за формирање на „Народна Република Тексас“ е се пореална. Пред неколку дена републиканката Марџори Тејлор Грин предложи „национален развод“ меѓу сините и црвените (демократски и републикански) американски сојузни држави во врска со имиграцијата.

– Ова е само уште еден пример за слабеење на американската хегемонија, тоа е процес кој се случува одвнатре и е резултат на постапките на самите Американци – рече Медведев.

Спорот се интензивираше откако Абот застана на својата позиција, иако Врховниот суд одлучи дека агентите на граничната патрола треба да ја отстранат жицата инсталирана од Националната гарда на Тексас.

Покрај тоа, постои и движењето Тексит, чии следбеници веруваат дека Тексас треба да се отцепи од САД и да стане независна држава.

Само во декември 300.000 луѓе се обиделе да ја преминат границата меѓу Мексико и САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…