Сони и неговите револуционерни изуми: Вокмен и плејстејшн
Бренд концепти(14.1)
Сони и неговите револуционерни изуми(втор дел)
Вокменот на Сони – музика за шетање
Епохалната иновација на компанијата Сони – Вокмен е дело на Akio Morita и Мasuru Ibuka, инжињери на компанијата Сони, а вториот Мasuru Ibuka, бил и претседател на Управниот одбор на компанијта. Тоа е култен производ кој засекогаш ја промени парадигмата на слушање музика. Пред повеќе од 40 години јапонската компанија Сони на пазарот на техничка аудио опрема му понуди револуционерен џепен касетофон –вокмен. Вокменот им овозможуваше на луѓето својата омилена музика да ја слушаат било каде и било кога. Идејата за вокмен а и самиот производ, се покажаа така добри што вокменот стана една од најуспешните иновации во историјата.
Инаку, во почетокот кога бил тестиран од фокус групите на потрошувачите, тој редовно бил отфрлан. Се мислело дека потрошувачите нема да го прифатат како новитет, иновација. Но, така не мислел и Акио Морита. Основачот на Сони сепак верувал дека тоа е производ што ќе ги задоволи аспирациите на младите луѓе кои сакаат да слушаат музика и ќе го носат уредот со себе по цел ден. Тој сите околу него ги охрабрувал ‘’да направиме добри и лесни слушалки и ќе имаме хит на пазарот’’. Овие зборови инженерите на Сони сериозно ги сфатиле и 1979 година го понудиле Векменот на Сони со слушалки кои имаат прекрасни перформанси. До 1995 година биле продадени преку 150 милиони Вокмени, а денес знаеме дека не може да се замисли модерен телефон без радио и еден цел мал музички и видео систем во него.
Сепак не било се така лесно на почетокот. За да се создаде вокменот компанијата морала на аудио опрема да и додаде концепт на мобилност. Со вокменот е развиена категорија која денес се нарекува “персонално аудио“. Од нејзиното лансирање па се до денес, оваа категорија – вокменот, заработи милиони долари и донесе голем профит на компанијата Сони. Изминатите години вокменот секојдневно го гледавме во автобуси, авиони, во училиштата и факултетите. Вокменот е ИТ-пионир, најавувач на “ит-чудата“ на Епл. Не можеше да се замисли да се помине улица во било кој град на оваа планета, а да не се забележат млади личности кои се движат во одреден ритам во друштвона својот пријател – вокменот.
PlayStation: Cool бренд на 20 и предвесник на 21 век
Сони во 1994 година ја плансираше својата прва конзола Плејстејшн. Доколку тогаш некој речеше дека многу наскоро Плејстејшн ќе стане глобален феномен, најверојатно психолозите, социолозите, стручњаците, но и самите “гејмери“ слатко би се изнасмеале. Но токму тоа се случи: Сони со Плејстејшн1 постигна планетарен успех и ги потисна Епл, Микрософт и Нинтендо кои дотогаш беа главни играчи на полето на видео и компјутерски игри. Плејстејшн од обична игра за “убивање“ на времето прерасна во субкултурен феномен и му даде сосема ново значење на поимот одмор.
Плејстејшн го прифатија младите но и возрасните, па така овој бренд преку комбинација на надреализам и хумор, како и со паметно пласирање на местата каде циркулираат млади, а тоа се спортски сали и стадиони, кафе барови и клубови се позиционираше себеси како единствен и нов cool бренд на 21 век. Тој тоа го потврди со својата соработка со големите светски филмски студија како што се Дизни, Пиксер и Ворнер Брос. Секако значајно беше и спонзорството на Лигата на шампиони на УЕФА.
После Плејстејшн 1 и 2 на голема врата Сони го претстави и Плејстејшн 3. Кога Сони тоа го направи, на пазарот истиот момент се создаде масовно лудило од глобални размери. Преку телевизиските екрани гледавме дека во САД и Јапонија тинејџерите паѓаат во несвест чекајќи во долги редови да ја купат новата конзола. Не заостануваа и повозрасните кои во радост вриштеа, па некој можеше да помисли дека станува збор за воодушевеност на рок четворката од Ливерпул од минатите времиња. Морам да признаам тоа е возбудливо: PlayStation vs.Beatles, при што изгледаше дека победува семоќната конзола. Јас и тогаш и сега навивам и гласам за неповторливите Битлси. Но, голем број млади не го делат моето мислење. Не е мал бројот на тинејџери кои почнаа да се поистоветуваат со јунаците од игрите како што се Лара Крофт, генерал Киген и другите. Имаше голем број на екстремни случаи кога тие ги имитираа во својот реален живот па имаа проблеми со полицијата и органите на прогон. Како и да е сеуште голем дел од младата популација во светот не можат да го замислат својот живот без конзолата на Плејстејшн 3. Плејстешн 3 и понатаму се продава и стручњаците на Сони можат само да бидат задоволни од профитот што го остваруваат. Сони е задоволен – ерата на ПлејСтејшн продолжува.
Плејстејшн. Најдобар пријател. Апсолутно интересен. Бескрајно интересен. Доживеано искуство.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…
Колумната е кратка приказна за селските и…