Сончево и топло време, температура до 28 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на релативно топло време. В среда од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе се прошират повремени врнежи од дожд кои ќе завршуваат во текот на ноќта. Понекаде, особено во западните делови врнежите ќе имаат умерен интензитет и ќе има услови за појава на ретки грмежи.
В четврток и особено в петок се очекуваат врнежи од дожд, претежно во западните делови од земјата. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Несреќа во Германија: Македонец тешко повреден од…
Во тешка работна несреќа што се случила…
Сериозна бура го погоди Јадранот, погодени делови…
Низ цела Црна Гора и Херцеговина попладнево времето…
ЦУК: Можни се поплави во Арачиново, Стајковци…
Воздушна маса со изразена нестабилност се задржува…
Индискиот премиер Моди ја одби поканата на…
Индискиот државен секретар за надворешни работи Викрам…
Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…
Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…