Сообраќајна несреќа: Скопјанка тешко повредена кај Соборен храм

t

40-годишна жителка на Скопје, која возела електричен тротинет, е тешко повредена откако во неа удрил возач со автомобил „Алфа Ромео“, на крстосницата кај Соборниот храм, соопшти полицијата.

„На 07.09.2022 во 07.45 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од бул.“Партизански одреди“ со бул.“Св.Климент Охридски“ патничко моторно возило “Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Скопје, удрило во електричен тротинет “Топлајф“, управуван од С.Н.(40) од Скопје“, се вели во полицискиот билтен.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во болницата „Систина“. Екипа од СВР Скопје извршила увид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…

Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Обвинителството ги повикува граѓаните кои имаат докази…

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на…

Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…

Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…

Човек загина по удар од воз кај…

На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…