Соопштение на Бигорски манастир по повод големиот празник на Светата Педесетница
По повод големиот празник на Светата Педесетница, во Бигорски манастир ќе има бдение, богосужби, литургија, на кои со благослов на епископот Антаниски г. Партениј може да присуствуваат сите верници кои посакуваат за овој празник да бидат во ова наше познато древно светилиште.
-Во сабота, 7 јуни во 19 часот ќе се одржи бдение со повечерие, вечерна, утрена и прв час, додека во недела (8 јуни) во 7:30 часот трети и шести час, Архијерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, заедно со архимандритите и јеромонасите од нашата света Обител а во 10 часот Трпеза, стои во соопштението на Свештената бигорска Обител.
Се додава дека веднаш после трпезата ќе биде одржана Вечерна богослужба со молитвите за призив на Светиот Дух.
По традиција, се очекува, во деновите на овој голем празник во Бигорски манастир да престројуваат голем број верници од сите делови на државава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински „бандити“ упаднаа во христијански манастир
Еден од бандитите му скршил вилица на…
Со 1,5 милиони денари ќе се заштитува…
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска информира…
Манастирот Пресвета Богородица во Матејче утре го…
Манастирот Пресвета Богородица Матејче се наоѓа на…
Ограбен манастир во Катланово: Украдени се икони
МВР информира дека дошло до грабеж на…
Србите гневни: Кој се труди да го…
Таблата за локацијата на манастирот Високи Дечани…