Манастирот Пресвета Богородица во Матејче утре го празнува раѓањето на Мајката Божја – Се покануваат сите верници да го посетат манастирот

t

Манастирот Пресвета Богородица Матејче се наоѓа на падините на Скопска Црна Гора, на 13 километри од Куманово во близина на истоименото село Матејче. Изграден е во XI век, за што сведочат натписите на грчки јазик од времето на Исак Комненос, додека првпат се споменува во изворитена кралот Милутин (1282-1321) од 1300 г.

Манастирот го празнува раѓањето на Божјата Мајка, а кумот на овогодинешната прослава ги поканува сите кои се во можност да го посетат манастирот.

– Ви се обраќам по повод празнувањето на раѓањето на Божјата Мајка, Пресветата Дева Богородица.) Оваа година сум кум на прославата во с. Матејче, Ми претставува особена чест да Ве поканам и Вас, доколку сте во можност да ни бидете гостин
21.09.2022(среда) Литургија ќе започне во 9 часот, вели Димитровски.

Во средината на XIV век, царот Душан започнал, а неговиот син Урош и неговата сопруга Јелена ја завршиле обновата на манастирот околу 1357 година. Од манастирската црква во 18 век бил отстранет оловниот покрив, кој бил искористен за покривање на Ески џамија во Куманово, што го забрзало процесот на нејзиното распаѓање.

Меѓутоа, црквата е оштетена од албанските терористи за време на конфликтот во 2001 година, кога нејзината непосредна околина била минирана, а самата манастирска црква била користена како седиште на терористи и складиште за муниција. Самата црква е карактеристична по тоа што во нејзината внатрешност имала помала оригинална црква која била урната при реставрацијата во првата половина на 20 век, како и по тоа што содржи фреска од лозата Немањиќ и претстава на лозата византиски императори, иако постојат толкувања дека тоа е линијата на старозаветниот Јесеј.

Манастирот е познат и по тоа што таму живеел и творел српскиот композитор на духовна музика од крајот на 15 век, Исаија Србин, како и Владислав Граматик, ученик од средината на истиот век.

Жителите на селото и редовните посетители на манастирот се погрижиле патот и околината да бидат исчистени и пристапни за големиот празник.

Повеќе фотографии од манастирот и за состојбата околу него може да погледнете на следниот ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински „бандити“ упаднаа во христијански манастир

Еден од бандитите му скршил вилица на…

Со 1,5 милиони денари ќе се заштитува…

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска информира…

Манастирот Пресвета Богородица во Матејче утре го…

Манастирот Пресвета Богородица Матејче се наоѓа на…

Ограбен манастир во Катланово: Украдени се икони

МВР информира дека дошло до грабеж на…

Србите гневни: Кој се труди да го…

Таблата за локацијата на манастирот Високи Дечани…