Соопштение од МНР: Германија останува стратешки партнер за нашите европски интеграции
Соопштение до медиумите од Министерството за надворешни работи го пренесуваме интегрално:
„Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со министерката за Европа и клима при Министерството за надворешни работи на Германија, Ана Лирман.
Посетата доаѓа многу брзо по нејзиното преземање на оваа функција во новата германска влада предводена од канцеларот, Олаф Шолц и само еден ден по изгласувањето на новата влада во нашата земја, чија определба останува иста – евроатлантски континуитет со приоритет на европските интеграции како стратешки интерес на Северна Македонија.
На состанокот беше разговарано за политиката на проширување како важна алатка на надворешното дејствување на ЕУ и евро – интегративното досие на земјата како клучно за кредибилитетот на Унијата, при што беше реафирмирана цврстата германска поддршка за европската интеграција на Северна Македонија.
„Северна Македонија докажа дека силно го застапува европскиот наратив на вредности и е стабилен партнер на европската сцена што придонесува за добросостојбата на регионот. Почетокот на пристапните преговори ќе претставува валоризација на досега сработеното, што во голема мера е постигнато и со поддршка на Германија, чија надворешна политика принципиелно ги застапува и вреднува нашите европски аспирации во овој процес“, истакна Османи.
Државната министерка, Лирман го поздрави напредокот на земјата и нагласи дека земјата заслужува почеток на пристапните преговори и посочи дека ќе даде силна поддршка кон остварување на оваа заедничка стратешка цел.
Односите и соработката меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија ги карактеризира интензивен политички дијалог и значајна динамика на соработка во сите области. Германија е клучен политички и економски партнер на нашата земја, како и значаен партнер во процесот на европските интеграции на Република Северна Македонија. Германија подолг период е најголем трговски партнер на нашата земја. Преку разни регионални проекти за ЕУ, Германија дава поддршка на нашите напори во исполнувањето на препораките на ЕУ и неопходните реформи од европската агенда.“ – Пишува во соопштението од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНР: Граѓаните да се воздржат од патувања…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…
Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во…
Од македонската амбасада во Израел информираат дека…
Македонското МНР со сочувство до Индија по…
Од македонското Министерство за надворешни работи денеска…
Бугарскиот МНР се слушнал со Муцунски: Бугарија…
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг…
„УКИМци за Палестина“ до МНР: Осудете ја…
Група студенти „УКИМци за Палестина“ го повикаа…