Објавено на:

Сопругата на Ѓоковиќ: Новак е шампион на народот, не на богатите!

t

Јелена Ѓоковиќ смета дека статусот на Новак меѓу обичните луѓе е далеку поважен од бројните титули најдобар тенисер во историјата на „белиот спорт“.
„Кога гледаме што се случува во светот, тенисот е толку мала призма на животот, но на луѓето им носи среќа, радост и надеж. Сакам да го гледам како шампион на обичниот човек, а не на богатиот, бидејќи тој е обичен човек кој потекнува од многу скромно семејство на работници и сонувачи. Патувајќи низ светот, гледате многу луѓе кои се инспирирани од неговата приказна, бидејќи и тие се слични на него“, изјави Јелена во опширното интервју за аргентинскиот „Nasion“.


Таа нагласи дека тенисот е многу луксузен спорт кој речиси исклучиво се поврзува со богатите луѓе потсетувајќи на етимологијата на прекарот „бел“.
„Сепак, навивачите на Новак се нормални луѓе со нормална работа и не можат секогаш да си дозволат билети за неговите натпревари. Затоа, кога ќе одите по улица и ќе видите работници на градилиште или во која било гранка, тие викаат: „Еј, Новак!“ Сите го запираат. Мислам дека ти дава сила и енергија да продолжиш. Иако веќе има постигнато се, мислам дека најдобра победа му е тоа што е народен шампион. Да… Тој е народен шампион“, подвлече Јелена Ѓоковиќ.


Новак освои 99 титули во сингл, од кои 24 Грен слем, 40 Мастерс, седум финалиња на АТП, а летово го додаде и олимпиското злато од Игрите во Париз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…

Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…

„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…

Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Јелена Карлеуша пресметала колку ќе живее: „Имам…

Поп-ѕвездата е една од најинтригантните јавни личности…

Рано утрово Душко ја фатил за коси…

Рано утринава околу 5 часот српската пејачка…