Сослушани сведоци за “Софтвери”: Добивавме насоки од кабинетот на Зеќири
Во Основниот кривичен суд Скопје, на предлог на одбраната, денеска беа сослушани сведоци, вработени во генералниот секретаријат на Владата во врска со случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
Сослушани беа сведоците Зорица Стојановиќ, Агим Махмути и Мирче Јанев.
Обвинетиот Драги Рашковски преку директно испрашување постави прашања во врска со конкретни докази, дописи и одговори од Владата, во насока на тоа дали сведоците се изготвувачи на истите.
Рашковски ја прашуваше Стојановиќ за дописите што ги изготвувала, а потоа биле испратени до Трајчева. Таа објасни како течело давањето на одговорите. Рече дека тогашниот генерален секретар Мухамед Зеќири, односно неговиот Кабинет, давал насоки за одговори.
Според обвинението, првообвинетиот не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска завршни зборови за случајот “Софтвери”
Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска е…
Обвинителката бара на Рашковски да му се…
Судот да ги осуди обвинетите на казни…
Сослушани сведоци за “Софтвери”: Добивавме насоки од…
Во Основниот кривичен суд Скопје, на предлог…
(Во живо) Референдум за влез на Македонија…
Јанко Илковски во втората сезона на Тешки…
(Видео) УМС со урнебесна акција: Рашковски е…
"Денес, во центарот на Скопје како УМС…