Сотировски поднесе претставка за дискриминација против Општина Тетово и Касами
Даријан Сотировски, актуелен директор на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, кој е жител на Тетово преку Фејсбук објави дека поднел претставка до Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација, против Општина Тетово и градоначалникот Биљал Касами поради настанот кој беше организиран од локалната власт со цел да се презентира идејата за реконструкција на градскиот стадион на која имаше ревијален натпревар и настап на музичари.
Сотировски образложува дека жителите со македонска национална припадност биле дискриминирани по основ на потекло, национална припадност и јазик.
-Сметам дека јас и жителите со македонска национална припадност сме дискриминирани по основ на потекло, национална припадност и јазик. Имено, како граѓани имаме рамноправно право за политиките, проектите и настаните на Општината во кои учествуваме преку плаќањето даноци да бидеме информирани на македонски јазик. На настанот да се чувствуваме добредојдени, нашата култура да е подеднакво претставена, покрај останатите да има изведувачи и Македонци, водителот да говори и на македонски јазик, да се виори македонското знаме и да се интонира македонската химна. На ревијалниот натпревар да учествуваат фудбалски ветерани и Македонци и да бидат удостоени и македонските фудбалски клубови, рече се вели во објавата на Сотировски.
Според Сотировски, постапувањето на општината е дискриминациско и ги сегрегира граѓаните.
-Убеден сум дека големото мнозинство жители на Тетово од различна припадност се согласуваат дека градот може да оди напред само кога е пријатно место за живеење на секој еден човек. Но, мора да се согласиме дека тука има и нелуѓе, и нив мора енергично и постојано да ги разобличуваме, вели Сотировски во објавато.
На 12 април, Општина Тетово презентираше нов изглед на Градскиот стадион, а притоа градоначалникот самиот рушеше дел од трибините. Покрај видео презентацијата на новиот изглед на стадионот имаше ревијален фудбалски натпревар и настап на музичари само на албански јазик.
Во ноември 2023, Општина Тетово преку јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ го распиша тендерот, по што договорот со фирмата се направи во март 2024 година. Предмет на договорот за јавна набавка е со проценета вредност од околу 600 милиони денари или околу 10 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Триесетгодишен маж од Тетово обвинет за силување
Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека донело…
Левица: Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ…
Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ промивира…
Се пренасочува сообраќајот на патот Тетово –…
АМСМ информира дека регионалниот пат Тетово –…
Паднати бандери и дрвја, поплавени куќи и…
Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека вчера во…
Претрес во Тетово, пронајдена дрога
На 22.06.2024, полициски службеници од Отсекот за…