Соучесници сте со власта: Заедно ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го променија името, вие сте на слики со претставници на власта, вели Арсовска
За ваша несреќа почитуван советнику, градоначалникот го има тоа право колку пати сака да зборува, рече на денешната седница на Советот на Град Скопје градоначалничката Данела Арсовска реплицирајќи му на советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Нелоски.
– Многу голема штета е што ниту еден пропис не сте прочитале додека седите на тоа столче и не знаете дека градоначалникот има неприкосновено право да зборува од оваа говорница. И повторно велам ако моѓе да престанете да инстируирате дека имало напади, демантирано беше тоа и не е убаво да се прикажувате како жртви и шпицниот градоначалник да се претставува како жртва на закани и така се смени Устав и се изгласаа измени и што се нема да се случи.
Она кое треба да го знаете е дека доколку сакате да му помогнете на Градот требаше да излезете и да поддржите сите кои му должат на Градот да ги исплатат средствата, исто се однесува и за дотациите од Владата. На ова треба да се посветите, доколку сте дојдени со политички флоскули и да ја замаете јавноста со политички флоскули, да ја оттргнете од проблемите и предавствата кои ги планирате и тоа повторно еве тука од говорницата имате право на збор и да елаборирате.
За матни ликови повторно да ви ги покажам, со математичка прецизност ви ги демонстрирам ликовите, Јанушев и сопственикот на “Маратон” и во средина еден матен лик добро познат на вашата палата.
Ако денеска сте тука за ЈСП поддржете го претпријатието, рече Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…