Софија: Побарувачката на Русија за плаќања за гас во рубљи ги прекршува договорите
Руското барање за плаќање гас во рубљи ги прекршува договорите и не треба да се прифати, изјави денеска владина портпаролка во Софија.
-Ставот на Бугарија, кој е усогласен на европско ниво, е дека таквото прекршување на постоечките договори, во кои јасно е наведено дека плаќањата треба да се вршат во евра или американски долари, нема да биде дозволено, изјави портпаролката Лена Бориславова.
Бугарија задоволува повеќе од 90 отсто од потребите за гас со увоз од руски Газпром.
Центристичката влада на таа земја денеска одржа состанок на кој, според портпаролот, се разговарало за мерките што би можеле да се преземат во случај на прекин на испораките на руски гас.
Бугарија, троши околу три милијарди кубни метри гас годишно, и е во преговори со Азербејџан за зголемување на увозот и бара начини за увоз на течен природен гас (LNG) преку терминалите во Грција и Турција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Скандал во Вевчани, ДПМНЕ на колена…
Скандал во Вевчани, наместо успехот критериум за…
Татко и синови со клоци и тупаници…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…
Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…
МНР: Граѓаните да се воздржат од патувања…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…
Тренчевска: Без грам чувство за семејствата, ВМРО-ДПМНЕ…
Пратеничката на СДСМ остро реагираше за однесувањето…