Социјалните мрежи вријат: „Се пеплоса Галичица“, „Не ја заслуживме Македонија“, „Ќе гасат ли пратениците или ќе одат на одмор?!“

t

Галичица се пеплоса… Социјалните мрежи вријат, се споделуваат фотографии и видеа од пожарот на Галичица кој е надвор од контрола. Околните села се гушат во чад.

„Не ја заслуживме Македонија“, „Пратениците одат на одмор, одлична прилика да се пријават како доброволци за гаснење на Галичица“, „ќе гасите или ќе ја оставите да изгори“ се само дел од коментарите на граѓаните кои се гневни поради ситуацијата со пожарите.

Пожарот на Галичица се уште е надвор од контрола и се шири во правец на врвот Магаро кон селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа.

Галичица се гасне цел ден со два воздухоплова и кон Стење-Лескоец на Преспанската страна и на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарската куќа. Сите воздухоплови имаат свои технички карактеристики а летањето се одвива согласно посебно воспоставени воздухопловни процедури за гаснење на пожари на отворен простор како и шумски пожари, информираа од ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Социјалните мрежи вријат: „Се пеплоса Галичица“, „Не…

Галичица се пеплоса... Социјалните мрежи вријат, се…

Тажно… Пожарот на Галичица од Љубаништа

Ситуацијата на Галичица е повеќе од загрижувачка,…

(Фото) Страшни слики од Галичица: Пожарот е…

Пожарот на Галичица се уште е надвор…

Масовна евакуација на домови и болници поради…

Во околината на Атина продолжува масовната евакуација…

Пожарот на Галичица се шири накај Стење,…

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека вчера од…