Со Божја помош, се е возможно, па и издигнувањето на најсиромашните, просветлувањето и напредокот на најзаостанатите, помирувањето на најзавојуваните

t

Поранешниот премиер Никола Груевски упати честитка по повод денешниот голем верски и државен празник, Свети Климент Охридски – Чудотворец.

– Денес е духовен и државен празник во Македонија – Св. Климент Охридски – Чудотворец, сесловенски и македонски просветител.

Празнуваме многу значајна личност и светец и не случајно од 2007 година, освен верски е и државен празник и неработењотен ден, со закон се воведе државна награда Св. Климент, а изградивме и еден негов споменик во Скопје кај Собирниот храм, еден на Св. Наум Охридски на плоштадот во Охрид и еден заеднички на двајцата просветители во Скопје, покрај едната страна на оградата на камениот мост, и уште еден таков на Св. Кирил и Методиј на другата страна на оградата од истиот.

Го празнуваме првиот македонски архиепископ, творец на познатата Охридска книжевна школа, наречена и прв словенски универзитет, во кој оспособил над 3.500 ученици за црковна богослужба. Го празнуваме и најзначајниот македонски средновековен писател, педагог и преведувач, кој заедно со Свети Наум Охридски биле најистакнатите ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. Човек кој многу од луѓето го сметале за светец уште за време на неговиот живот.

Тој бил многу популарен меѓу народот, а веднаш по неговата смрт неговиот култ уште повеќе се раширил. Се создале многу преданија во кои се среќава неговиот лик. Според некои преданија тој имал и исцелителска дарба и раскажуваат за неговата моќ да лекува со допир, со лековити води или со лековити билки.

Неговата просветителска дејност, со описменувањето на населението е бесценетата, а покрај црковната и педагошката се занимавал и со книжевна и преведувачка дејност, како и подучувањата и поучувањата на народот.

Имал активности и на правење преводи со кои на Св. Кирил и Методиј им помагал во преведувањето на потребната литература за црковната богослужба, а самиот го превел целиот Цветен триод.

Својот именден го празнувал на денот кога Светата христијанска црква го празнувала споменот на Светиот свештеномаченик Климент папа Римски на 8 декември, па така овој датум е прифатен и како ден на негово славење.

Свети Климент Охридски има непроценлива заслуга поврзана со азбуката и просветеноста, што се предуслов за сите понатамошни успеси и напредок на словенските народи меѓу кои делувал и оставил неизбришлива трага.

И додека го пишувам ова, за миг си помислувам како некои словенски народи денес веќе подолго се заплеткани во една негативна спирала полна со омрза, интриги, конфликти и нечесни игри од кои произлегуваат многу несреќи, омрза а некогаш и жртви, спирала од која неможат да излезат со години, децении и векови. Меѓу нив се и Балканот, и Македонија.

Си велам за момент дека можеби се прашува каде погрешил.

Тој не погрешил ништо, тој одлично ја завршил својата света мисија со голема своја лична жртва, имајќи во предвид дека во таа своја мисија имал големи проблеми, предизвици, прогони и искушенија.

На нас сегашните и на идните генерации останува да ја промениме состојбата и омразата да ја претвориме во љубов. Опструкциите во меѓусебна подршка и помош. Лагата да го препушти просторот на вистината. Нечовечноста на човекољубие. Негрижата во почит. Несреќите во среќа.

Тој предизвик на сегашните и идните генерации на словенските земји и народи каде ја извршувал својата мисија и директно или индиректно преку други свои следбеници и ученици Св.Климент Охридски ја ширел писменоста и просветата, особено на нивните политички и национални водачи, е рамен на мисија налик на просветителската на Свети Климент.

Знам дека на многумина им личи невозможна мисија, но со Божја помош, се е возможно, па и издигнувањето на најсиромашните, просветлувањето и напредокот на најзаостанатите, помирувањето на најзавојуваните. Тогаш кога љубовта ќе ја превземе доминацијата над омразата, доброто над злото.

Честит празник! Нека успешната и бесценета света мисија на Св. Климент Охридски биде инспирација за многу нови мисии на различни видови воздигнување. – напиша Груевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Груевски открива дека Заев има бизниси во…

Иако во минатото во повеќе наврати кажав…

Каков “шамар”: Тајвански “Јагео” не доаѓа во…

Премиерот Димитар Ковачевски се испофали со доаѓањето…