Со Бриселски диктат го испратија по дома: Богојески заминува од директорското место во Националната агенција, по речиси три месеци директорување
Петар Богојески заминува од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ова доаѓа по два ипол месеци откако беше назначен за директор. За ова тој објави самиот, споделувајќи фотографија со премиерот Христијан Мицкоски, во која посочува дека тоа е договорена работа меѓу коалициони партнери.
„Четврто, договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција“, напиша меѓудрогот Богојески.
По неговото назначување, Европската комисија рече дека ќе бара објаснување од министерката за образование Весна Јаневска за именувањето на Богојески, бидејќи во јавноста имаше реакции за неговите ставови искажани низ социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неовластено му доставувала класифицирани информации на Мицкоски…
Директорката на Агенцијата за разузнавање Габриела Јаковлева…
Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…
Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…
Николова до Јаневска: Зошто се намалуваат критериумите…
Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките…
Арсовска за Николоски: Пренесете му на неписмениов…
Ќе му пише ли некој на неписмениов…
Богојески ќе предава на Воена академија
Неодамна разрешениот по барање на Брисел директор…