Со ваши пари “ви перат мозоци”: Мицкоски и Ковачевски платиле скоро 85.000 евра за реклами на Фејсбук
Скапо плаќаат за да ги сакате, ама нешто во приказната не им оди.
Социјалните мрежи вријат откако се појавија податоци за тоа кој од функционерите од власта и опозицијата, плаќале илјадници евра за спонзорирани објави на Фејсбук.
Според објавеното, Мицкоски потрошил 40.000 евра за спонзорирани реклами на Фејсбук во период од осум месеци, додека за истиот тој период премиерот Димитар Ковачевски платил двојно помалку, односно 26,5 илјади евра. Сепак на Ковачевски објави му спонзорирале и од СДСМ,од каде потрошиле нешто повеќе од 23.000 евра. Поранешниот премиер Заев, пак, платил 21,5 илјади евра.
Очигледно сите имаат потреба да се промовираат, а веројатно и да создадат лажна перцепција на наклонетост на народот кон нив. Нормално (ако може така да се каже) е власта во обид да ја задржи својата позиција да се рекламира, особено бидејќи според зборовите на опозицијата, станува збор за најлошата Влада од осамостојувањето на Македонија досега, но чудно е што опозицијата на најлошата власт потрошила илјадници евра од исти причини.
Двајцата лидери, Мицкоски и Ковачевски, имаат проблем со нивните рејтинзи. Се сеќавате дека во анкетата направена за потребите на ИРИ, поранешниот премиер Груевски имаше рејтинг поголем од Мицкоски и Ковачевски заедно и според граѓаните тој се уште е најпопуларен политичар, иако во самата анкета воопшто и не бил понуден како опција.
Довербата во политичарите е рекордно ниска и тие тоа се обидуваат да го поправат, наместо со конкретна работа, со фрлање илјадници евра за Фејсбук да ги направи популарни.
Уште пожално е што сето ова се случува во период кога граѓаните, буквално, едвај врзуваат месец со месец. Минималната синдикална кошничка надмина 55.000 денари, а самиот Мицкоски милува да каже дека преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија.
На прес-конференции сите “се загрижени” за граѓаните, во реалноста од ваши пари плаќаат за да го сменат вашето мислење за нив и нивните лоши политики, ако воопшто тие дејствија може да се наречат политики…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…
Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…
ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…
Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…