Со воз од Берлин до Париз за осум часа

Берлин и Париз наскоро ќе бидат поврзани со нова дневна железничка линија.
Патувањето ќе трае околу осум часа, а првиот воз ќе тргне во декември, објавија Германски железници, пренесува ДПА.
„За прв пат два големи града ќе се поврзат со дневен брз воз“, соопшти компанијата.
Директен ноќен воз сообраќа меѓу Берлин и Париз од крајот на минатата година, организиран од Австриските федерални железници.
Новата линија ја водат заеднички германската и француската железница.
Двете ги здружија силите во брзата железница во 2007 година, кога возовите почнаа да сообраќаат од Париз до Франкфурт, Штутгарт и Минхен.
Од 2012 година сообраќа и дневна линија од Франкфурт до Марсеј, додека минатата година беше воведена дополнителна викенд врска со Бордо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Париз се одржаа демонстрации за правата…
Неколку илјади луѓе се собраа денеска на…
Мицкоски го виде Џеј Ди Венс само…
Премиерот на Бугарија, Росен Желјазков, имаше кратка…
Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…
Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…
Унгарската амбасада во Париз добила закана за…
Персоналот на унгарската амбасада во Париз добил…
Спречен напад на израелската амбасада во Берлин
Специјалци на германската полиција фатиле Либиец во…