Со закани одземени пари од вработени во бензинска и обложувалница во Скопје
Со закани биле одземени пари од вработени во бензинска пумпа и обложувалница во Скопје, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Во 03.10 часот утрово во Полициска станица Кисела Вода е пријавено дека на бензинска пумпа на подрачјето на оваа општина, едно лице со закана од вработениот одзело пари. Во СВР Скопје вчера во 09.25 часот е пријавено дека околу 09.20 во обложувалница на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со закана од вработената одзело пари, се наведува во денешното соопштение.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани
Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…
Трамп: Иран требаше порано да преговара
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…
Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…
Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…
Израел ја погоди иранската државна телевизија за…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…