Со или без гаранции Левица е против внесување на Бугарите во Уставот – Да се укине и историската комисија!
,,Со гаранции или без гаранции, ние сме против уставните измени со цел внесување на Бугарите во Преамбулата, вели генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска во изјава за Плусинфо.
– Треба да се укине и Комисијата за историски и образовни прашања, бидејќи многу добро се знаат критериумите за членство на една земја во Европската Унија. Тоа се Копенхашките критериуми, борбата против корупцијата и криминалот, борбата против сиромаштија, па нашиот став е дека само за овие работи може да се преговара. За ништо друго.
А во поглед на изјавата на претседателот Стево Пендаровски, човек добива впечаток дека тој воопшто не е дел од оваа власт, туку дека е некој политички аналитичар кој излегол на телевизија за да си ги искаже ставовите. Целото негово владение е сервилно и тој нема никаква државничка улога и државнички став.
Од една страна признава дека немаме гаранција дека Бугарите нема да излезат со нови услови откако ќе ги внесеме во Уставот, а јас ќе ве потсетам дека токму Пендаровски бараше гаранции од Европа за истата работа. Така што, сите изјави на претседателот претставуваат едно шизофрено антидржавничко делување.
Ние си го кажавме ставот и не планираме да го менуваме. Не би можела да зборувам за одлуките на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј претседател уверува дека нема да се случат уставните измени.
Партијата на Христијан Мицкоски не е за укинување на Комисијата за историски прашања со Бугарија и веројатно верува дека со Бугарите може да избоксува подобри одлуки. А јас ќе кажам – не можат!
Уште од времето на Тодор Живков, нашиот источен сосед ги нема сменето своите шовинистички претензии кон Македонија и нема ни да ги промени. За разлика од нашата македонска неспособна и импотентна стратегија, Бугарија има точно дефинирана и многу силна стратегија.
Нашите институции не можат да се справат ниту со едни обични клубови со имиња на очигледни фашистички колаборатори. Ние немаме никаква стратегија за да си ги одбраниме нашите државни позиции.” – вели Мојсоска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…
Левица бара од министерот за здравство, Арбен…
Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла
Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…
Левица: Слободата на Груби е колективен договор…
Слободата на Груби е колективен договор на…