Со кое право политичарите “мољакаат” по европските институции? Македонскиот народ не е ниту сираче ниту просјак!

Универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски прашува со кое право македнските политичари одат и “мољакаат” по европските институции, а дополнително вели дека сите треба да разберат дека македонскиот народ не е сираче, ниту просјак за од некого нешто да бара.
– СО КОЕ ПРАВО македонските политичари се мотаат по европските институции и недостоинствено мољакаат (м о љ а к а а т!) Македонија да биде примена во ЕУ по секоја цена и со кое право ЕУ, на нејзиниот Инфо Центар во Скопје, поставила напис со огромни букви „ЕУ ЗА ТЕБЕ!“? Меѓутоа, и едните и другите, и македонските политичари и европските бирократи, треба да разберат дека македонскиот народ не е сироче, ниту просјак, ниту од некого нешто бара. Уште помалку нешто да му се даде само онака, туку-така. Ако македонскиот народ нешто бара, тогаш бара да биде третиран на оној начин на кој заслужува – д о с т о и н с т в е н о! Или зборот достоинство за некои е непознат? – напиша Цуцуловски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ЕУ масовно инвестира во одбраната
Лидерите на Европската унија на самитот во…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…