Со свој камен по глава: Гранати од руско производство пронајдени кај ИРА се верува дека се украдени од фронтот во Украина
Анти-терористичките единици на Северна Ирска пронајдоа оружје и експлозиви кај ИРА.
Се верува дека оружјето и експлозовите пронајдени кај ИРА се украдени од фронтовите во Украина од страна на платеници кои се борат на страната на Украина.
Војната во Украина започна со инвазија на руската армија на 24-ти февруари 2022ра година. Западот од тогаш почна со снабдување на Украинската армија со западно оружје за кое Русија велеше дека истото ќе се најде во европските градови и ќе биде користено од страна на криминални и терористички организации за исполнување на нивните цели и вршење терор. Украина како една од најкорумпираните држави во Европа многу често не врши надзор за целото оружје кое го поседува и истото многу често завршува на сите другите страни во светот и се користи од разни терористички формации и криминални групи низ Африка, Азија, Латинска Америка итн.
Неодамна беше разрешен и украинскиот министер за одбрана поради сомневање за корупција.
Дали навистина споменатото оружје за кое се верува дека е прошверцувано во Северна Ирска од страна на платениците кои се борат на фронтот во Украина доаѓа од таму останува да видиме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…