Со спортско рекреативен и хуманитарен настан одбележан 17-от роденден на Општина Аеродром
Со богата програма за дечињата од градинките и учениците од основните училишта од општината, денеска во паркот „Авион“ , под мотото „Спортуваме за Аеродром“ се одбележа 17-от роденден на Општина Аеродром.
На настанот, на кој присуствуваа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, покрај богатата музичка и забавна програма, најмладите имаа можност на десеттина различни полигони низ непосредна игра и активности имаа прилика да се запознаат со голем број спортови како што се фудбал, кошарка, бадминтон, одбојка, гимнастика, хокеј на трева и многу други.
Пред присутните дел од своите вештини им ги презентираа и извидници од Извидничко поречанскиот одред „Галеб“, а на најмладите преку игра и вежби им ја пренесоа и пораката за значењето на постојаната грижа за природата.
Во рамките на манифестацијата „Спортуваме за Аеродром“, под мотото „Биди човек“ се одржа и хуманитарна акција, каде во еден од полигоните беше поставена кутија за донирање средства за помош на оние на кои им е најпотребна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови закани од Трамп до Европската Унија,…
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека…
СДСМ: Со Тошковски МВР наместо заштитник на…
Денешниот отчет на министерот за внатрешни работи…
Трамп: Добар и стратешки важен разговор со…
Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша својот…
Претреси во Скопје, две лица лишени од…
По претходно превземени оперативни активности, вчера (04.07.)…
Дојава за бомба во косовскиот парламент, сите…
Зградата на парламентот во Приштина беше евакуирана…