Објавено на:

Дојава за бомба во косовскиот парламент, сите пратеници се евакуирани

t

Зградата на парламентот во Приштина беше евакуирана кратко пред почетокот на денешниот 42. обид за конституирање на косовското собрание. Косовската полиција соопшти дека пратениците, како и сите други што беа во парламентот, беа евакуирани откако беше добиена дојава за експлозивна направа.

Пред косовското собрание имаше зголемено полициско присуство, а имаше и полициски единици за деминирање, со кучиња што минуваа меѓу паркираните автомобили. Секретарот на Собранието, Арбен Лоши, најави дека седницата ќе продолжи вечерва. Косовската полиција соопшти дека пратениците, како и сите други што беа во парламентот, беа евакуирани откако добија дојава за експлозивна направа.

Според полицијата, утрово е примена заканувачка СМС-порака во врска со експлозивна направа. „По добивањето на информацијата, беа распоредени надлежните полициски единици, кои првично создадоа безбедносен кордон и ги евакуираа луѓето од околните згради“, се вели во соопштението. Се додава дека се известени надлежното обвинителство и истражителите, кои, заедно со единиците за деминирање и експертите, преземаат потребни дејствија за контрола на објектот. Парламентот објави дека евакуацијата се случила по анонимна дојава за бомба.

„Косовската полиција пријави дека добила закана дека има бомба во зградата на парламентот и побарала од сите да ја напуштат зградата“, соопшти парламентот за Кљан Косова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…