Со Трамп ќе биде завршено ако се докажат обвинувањата за доверливите документи
Поранешниот американски државен обвинител Вилијам Бар ги бранеше наводите на специјалниот советник Џек Смит против Доналд Трамп, нагласувајќи дека доколку се докажат наводите дека поранешниот американски претседател намерно криел стотици доверливи документи, „тоа значи дека со поранешниот претседател ќе биде завршено“.
„Бев шокиран од тоа колку се важни информациите во тие документи и колку ги има, и мислам дека обвиненијата покренати според Законот за шпионажа се цврсти“, изјави Бар за Фокс њуз Сандеј.
„Дури и ако половина од тоа е вистина, со него е завршено“, рече Бар.
Коментарите на Бар, кој беше јавен обвинител од февруари 2019 до декември 2020 година за време на мандатот на Трамп, имаат голема тежина и доаѓаат во време кога многу други републиканци не сакаат да го критикуваат Трамп. Тој е водечки кандидат за следните претседателски избори во 2024 година.
Трамп треба да се појави пред федералниот суд во Мајами за да се соочи со обвиненијата. Тие вклучуваат свесно задржување на високо чувствителни документи за национална безбедност, попречување на правдата, лажни изјави, заговор и прикривање.
Поранешниот претседател планира да даде изјава утревечер од неговиот голф клуб Бедминстер во Њујорк.
Во саботата Трамп изјави за Политико дека ќе ја продолжи својата претседателска кампања дури и ако биде осуден во случајот, нагласувајќи – „Никогаш нема да се откажам“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…
Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…
Католичката црква е позната по строгите правила…