Со три авиони и хеликоптер се интервенира на Галичица

t

Пожарот што веќе единаесетти ден е активен на Галичица е започнат на Кота 11 што се наоѓа на територија на соседна Република Албанија, вели Ѓуро Јовчески, одговорното лице за противпожарна заштита во Националниот парк „Галичица“.

-Контролиран е 11 дена. Северен ветер во два крака према југ и према североисток, го однесе длабоко во територија на Албанија од можеби три километри, и после четвртиот ден со нагла промена на ветерот од источна страна, од сите страни не заобиколи, од исток кон северниот дел према Охрид према западниот долж Охридското Езеро и ни ја заобиколи цела територија на стара Галичица. На најнепристапен терен се гаснеше на 2100 метра, каде што е многу отежнато самото движење, камоли дистрибуција на опрема или на било што, појасни тој.

Јовчески уште нагласи дека во текот на сите изминати денови постојано на терен имало триесеттина луѓе, додека денеска за справување со пламенот се ангажирани 120 лица.

-Конкретно во текот на денешниов ден е осигурана источната страница долж Преспанското Езеро каде што пламенот беше влезен во чамова и букова шума, се прават појаси интензивно со машини. Четириесетлуѓе се на позиција од раните утрински часови…Источниот појас е добро осигуран, рече тој.

Истовремено истакна дека интервенирано е и во западниот крак на пламенот така што безбедно е движењето на моторните возила преку Галичица.

Според Јовчески, најкритична точка на позицијата е северозападно од локалитетите Зли дол, Пропаст, Страчка до према Војтино, што поради непристапен терен што поради ветарот од источен правец.

Инаку, тој очекува полека пожарот да биде ликвидиран на позициите север и на исток, додека за западниот дел денеска се интервенира од воздух со три авиони и хеликоптер.

Тој изрази благодарност до сите ангажирани во гаснењето, од НП „Галичица“, доброволци од НП „Пелистер“, паркот „Езерани“, противпожарната единица од Ресен, волонтери од Преспа, од охридските села, од Охрид, од Противпожарното друштво од Свети Николе, Спасителната служба „Патагонија“, како и до ДСЗ и ЦУК од каде се ставени на располагање воздухопловите.

– Значи работиме уште западнот дел да го осигураме и сметам дека пожарот овие денови полека ќе го намалува својата интензитетот, луѓето да бидат спокојни и да не се шири паника, изјави Јовчески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според МВР 14-годишник го предизвикал пожарот во…

На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје…

Активни два пожари на Галичица и на…

Во последното деноноќие биле изгаснати 21 пожар,…

Пожарот на Галичица е ставен под контрола…

Пожарот на Галичица е ставен под контрола…

Со три авиони и хеликоптер се интервенира…

Пожарот што веќе единаесетти ден е активен…

Социјалните мрежи вријат: „Се пеплоса Галичица“, „Не…

Галичица се пеплоса... Социјалните мрежи вријат, се…