Со фантомка, женски хулахопки на рацете и нож ограбил продавница во гевгелиско

t

Соопштението до медиумите од ОЈО го пренесуваме интегрално:
– „Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 29.12.2021 година, осомничениот се маскирал со црна фантомка на лицето и со женски хулахопки на рацете и влегол во продавница на правното лице „Дием Груп“ во селото Негорци. Со употреба на сила, вперувајќи нож кон вработената која седела на пултот за наплата, тој без збор ја отворил касата и одзел 15.900 денари во различни апоени.

Надлежниот јавен обвинител ценеше дека во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведоците/оштетените, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​“ – Пишува во соопштението од ОЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Левица Гевгелија: Над 940.000 евра за одржување…

Локалниот огранок на партијата Левица од Гевгелија…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…