Со фантомка, женски хулахопки на рацете и нож ограбил продавница во гевгелиско
Соопштението до медиумите од ОЈО го пренесуваме интегрално:
– „Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 29.12.2021 година, осомничениот се маскирал со црна фантомка на лицето и со женски хулахопки на рацете и влегол во продавница на правното лице „Дием Груп“ во селото Негорци. Со употреба на сила, вперувајќи нож кон вработената која седела на пултот за наплата, тој без збор ја отворил касата и одзел 15.900 денари во различни апоени.
Надлежниот јавен обвинител ценеше дека во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведоците/оштетените, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.“ – Пишува во соопштението од ОЈО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…