Со хеликоптер на МВР спасен повреден италијански државјанин на подрачјето на СВР Тетово
Тим на Министерството за внатрешни работи со хеликоптер евакуираше повреден италијански државјанин од непристапен терен на подрачјето на СВР Тетово, откако претходно била добиена пријава од Центарот за управување со кризи.
Како што потврдуваат од МВР, по добиената информација за повредено лице на тешко достапна локација, бил ангажиран полициски хеликоптер кој извршил спасувачка интервенција.
Повредениот италијански државјанин е транспортиран во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана медицинска помош.
Надлежните институции засега не соопштуваат повеќе детали за околностите под кои дошло до повредата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со хеликоптер на МВР спасен повреден италијански…
Тим на Министерството за внатрешни работи со…
Секој што ќе крене рака или ќе…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти…
Нов удар врз нафтениот пазар: Кувајт превентивно…
Кувајт превентивно ја намали производството на сурова…
Лукоил со известување стави лимит за дизел
На социјалмните мрежи се појави фотографија известување…
Стојанче ја истепал на денот на трагедијата,…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и…