Лукоил со известување стави лимит за дизел
На социјалмните мрежи се појави фотографија известување со печат на Лукоил во кое се наведува ограничување на продажбата на дизел за тешки товарни возила, трактори и автобуси до најмногу 50 литри.
Во известувањето на Лукоил што се циркулира како фотографија, стои дека продажбата на Евро дизел БС и ЕКТО дизел за камиони, трактори и автобуси се ограничува на најмногу 50 литри. Во истиот документ е наведено и дека е забрането точење гориво во туби и канистри што не ги исполнуваат пропишаните безбедносни стандарди, додека ограничувањето не важи за возила што точат согласно претходно склучени договори со Лукоил Македонија.
Не е јасно дали ова ограничување важи само за конкретната бензинска станица од која е фотографирано известувањето или се применува пошироко, но самото постоење на ваква мерка отвора дилема околу пораката дека состојбата е целосно мирна
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Поради хороскопот и „ретрограден Меркур“, министерката…
Невообичаената видеообјава на министерката за образование и…
По затварањето на Алта банка во Србија…
Менувачниците во Србија продале речиси 745 милиони…
Брнабиќ контра Вучиќ „Најтешко ми паѓа што…
Нејзината изјава доаѓа во период на политички…
Трамп призна дека војната со Иран придонела…
Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи со…
Хакери се обиделе да ги уништат резервите…
Француските власти истражуваат кибернапад врз неколку регионални…