Спасен е пилотот на соборениот американски авион во Иран, повреден е, но жив и здрав
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека американските сили успеале да го пронајдат и спасат вториот член на екипажот на авионот што беше соборен длабоко на иранска територија во петокот рано утрово, за кој рече дека е повреден, но „жив и здрав“.
Во објава на своите социјални мрежи, Трамп рече дека во текот на изминатите неколку часа, војската на Соединетите Американски Држави спроведе една од најсмелите операции за пребарување и спасување во историјата на САД, за еден од неверојатните американски офицери, кој е и високо почитуван полковник.
„Овој храбар воин беше зад непријателските линии во опасните планини на Иран, гонет од нашите непријатели, приближувајќи се кон него секој час, но тој никогаш не беше навистина сам, бидејќи неговиот врховен командант, секретарот за војна, претседателот на Здружениот штаб на вооружените сили и неговите колеги војници ја следеа неговата локација 24 часа на ден и вредно го планираа неговото спасување“, рече Трамп. Претседателот на САД рече дека, по негова наредба, американската војска „испрати десетици авиони, вооружени со најсмртоносното оружје во светот, за да го извлечат“. „Тој беше повреден, но ќе биде добро. Оваа чудесна операција за пребарување и спасување доаѓа по успешното спасување на уште еден храбар пилот вчера, што не го потврдивме бидејќи не сакавме да ја загрозиме нашата втора операција за спасување. Ова е прв пат во воената историја двајца американски пилоти да бидат спасени, одделно, длабоко на непријателска територија“, рече Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасен е пилотот на соборениот американски авион…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…
Поранешниот шеф на МААЕ ги повикува ОН,…
Поранешниот шеф на Меѓународната агенција за атомска…
МААЕ: Погодени делови од иранската нуклеарна централа
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти…
„Волстрит џурнал“: Прoпаднаа пеговорите за прекин на…
Обидите на земјите од Блискиот Исток да…
Иран собори два американски авиони
Иранските сили го бараат исчезнатиот американски пилот…