„Спасете го Гари пред да му нема спас!“ бараат жителите – Огнот е сè поблиску, а ни ЦУК ни надлежните не преземаат ништо
Втор ден беснее огнот во близина на дебарското село Гари на планината Стогово. Во утринскиот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК) се вели дека овој е еден од 13-те активни пожари низ Македонија, а гори мешана шума, но нема детали како се интервенира и што се презема.
Жителите утрово се уште позагрижени зошто пламените јазици се сè поблиску до селото. Велат не гледаме дека нешто се прави оваа катастрофа да се спречи.

Апели дека ситуацијата е доста сериозна и затоа е потребна брза интервенција од надлежните пристигаат уште од вчеравечер.
Превземете нешто додека не е премногу касно, вели постар жител на Гари, додавајќи дека засега никој ништо не превзема за да се угаси пожарот
Се зборува дека го откажале хеликоптерот, па не се арни! Ситуацијата се влошува од час во час, гори сè повеќе и повеќе, а ние сме оставени овде сами на себе, коментира друг гаричанец, огорчен што никој не ги слуша нивните апели за помош, пишува Република.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 2.000 повици на 112 во последното…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
Запалена спортска обложувалница во Аеродром
Спортска обложувалница во Аеродром била запалена во…
Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…
Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…
(Видео)Пожар во зграда до бараките на општина…
Доцна вечерва избувна пожар во близина на…
Паметните часовници ќе спасуваат животи, отсега автоматски…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) продолжува…