Спасовски: За пет месеци имаме 36 кривични дела за корупција
Гостувајќи во штипската ТВ Стар, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски говореше за активностите на МВР во врска со борбата против корупцијата и се пофали дека борбата против корупција е топ 1 приоритет на власта.
-Годинава, за овие 5 месеци, имаме 36 кривични дела за корупција. Најбројни се „злоупотреба на службена положба и овластување”, со коруптивни елементи, такви имаме 19. Имаме „несовесно работење во служба” 8, „примање поткуп” 4, „давање поткуп” 3, и по 1 кривично дело „перење пари” и други приноси од казниво дело и „поттикнување во врска со злоупотреба на службена положба и овластување”. По преземени мерки кривично се пријавени 67 сторители и причинета штета некаде од 80,3 милиони денари, истакна Спасовски.
Тој потенцираше дека ако се погледне наназад како расте бројот на кривични дела кои се откриени, сумата којашто е штета во делот на коруптивни влијанија, од година во година се зголемува.
-2021 година сме имале 149 милиони денари штета во однос на корупцијата, 2022 имаме 227 милиони денари штета. Оваа година за неполни 5 месеци имаме 80,3 милиони штета, тоа покажува дека се зголемува процентот на откривачката дејност и соработката со граѓаните. Минатата година имаме за 50% зголемување на откривачка дејност. Што покажува тоа? Не само насоченост на МВР кон борбата против корупција, туку генерално резултати од подигањето на јавната свест во којашто граѓаните веќе се охрабруваат и пријавуваат коруптивни влијанија. Тоа е многу важно, затоа говорев за партнерство меѓу полицијата и граѓаните, рече Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
По изјавата на Агелер за случајот со…
Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…
Докази за двете страшни убиства се записи…
Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…
Зеленски почна да ја сузбива корупцијата за…
Украинскиот претседател Владимир Зеленски го одобри новиот…
Вашингтон Пост: Украинците не сакаат да се…
Потенцијалните регрути често повеќе би сакале да…