Спасовски: Медиумите се сериозен партнер на МВР

t

Медиумите се сериозен партнер на МВР.  Во согласност со нивната улога и значење, тие чинат еден од темелните сегменти врз коишто се потпираат демократските стандарди и вредности на заедницата. Без нив е невозможна онаа нужна општествена отвореност, отчетност и одговорност како клучни алки на системот, неопходни за неговата максимална функционалност. А полицијата, во доменот на своите надлежности, од 2017 година демонстрира подготвеност за градење и интензивирање на партнерството со сите професионални медиумски асоцијации, особено во поглед на овозможување на што поквалитетни услови за нивна работа.

Ова го напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

-Тој процес на трансформација на МВР од крајно затворена институција, во институција чија транспарентност од година во година бележи огромен напредок, подеднакво во проактивната и во реактивната транспарентност, се одвиваше паралелно со реформските процеси во Министерството. Активната транспарентност на МВР од просечни 59.5 проценти во 2016, денеска во 2023 изнесува високи 87.5 проценти, објави Спасовски.

Според него, ова се должи на низа процеси. Вредна за споменување, напиша Спасовски, е соработка со Мисијата на ОБСЕ и Здружението на новинари на Македонија, при што беше изработен „Прирачник за безбедност на новинарите за време на настани со висок ризик“, во насока на драстично и квалитетно унапредување на состојбите во делот на непречено и безбедно извршување на новинарската професија.

– МВР со Здружението на новинари со заеднички труд и соработка се насочија кон подобрување на состојбите од пред 2017 година, кога новинарите не само што беа честа мета на насилници, па и на полицијата, напади што најчесто поминуваа нерасчистени, односно без казна за сторителите. Во таа насока на 29 декември 2017 година беше потпишан Меморандумот за соработка за преземање на активности за подобрување на состојбите. Исто така, во март 2023 година, МВР и Здружението на новинари на Македонија го промовираа изработениот Протокол за безбедност на новинарите на интернет, со фокус на новинарките, напиша министерот за внатрешни работи на фејсбук.

Извештаите за активна транспарентност во изминатите години, подготвени од страна на Центарот за граѓански комуникации, по претходно изработена методологија, со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), пишува Спасовски, го следат степенот на објавување на информации на сопствена иницијатива на институциите, без, притоа, некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации.

– Притоа, од сите министерства, вклучително и Владата, МВР е позиционирано во топ три институции по својата транспарентност, рангирано во најдобрата група, со исполнетост од 80 до 100 проценти, континуирано бележејќи нагорна линија на транспарентност, објави на фејсбук министерот Оливер Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Началници и полицајци не санкционирале возач…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Можно е враќање на средното полициско училиште

Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…

(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…

Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…

(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…

Како што веќе најави директорот на Бирото…

Братот на заменикот на Тошковски имал врски…

Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…