Спасовски: „Побарав да ме сменат од координатор во СДСМ поради резолуцијата за Бугарија, а не поради изборите“
Актуелниот пратеник и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски , во госрување во ТВ Сител откри дека одамна побарал да биде разрешен од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ. Тој истакна дека неговото барање не било поврзано со слабите резултати на локалните избори, туку со сосема друга ситуација во партијата.
Спасовски објасни дека решил да се повлече во периодот кога во јавноста се подготвуваше резолуцијата за односите со Бугарија. Според неговите зборови, веднаш кога документот требало да се достави во Собранието, тој изразил несогласување со стратегијата што ја туркал дел од раководството — особено со идејата за таканаречените „црвени линии“ во билатералниот спор.
Како што кажа, токму поради тој предлог-курс побарал да не ја извршува повеќе координаторската позиција.
Спасовски додаде дека со години предупредувал дека во партијата се замолчува реалната слика за состојбите, што, според него, на крај довело до „целосно дно“ на последните локални избори.
Тој смета дека СДСМ може да се опорави само ако повторно ги активира луѓето кои се повлекле од партиските активности, а задача на новиот претседател Венко Филипче е да ги охрабри тие кадри да се вратат. Притоа нагласи дека не мисли на оние што преминале во ВМРО-ДПМНЕ, туку на поранешни членови што останале пасивни, но не и политички префрлени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасовски: „Побарав да ме сменат од координатор…
Актуелниот пратеник и поранешен министер за внатрешни…
Исмаил: Власта го одби амандманот за зголемување…
На Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот…
Не се наплаќале даноци, не се постапувало…
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на…
Хамас размислува за распуштање на вооруженото крило…
Саудискиот весник „Ашарк ал Авсат“, повикувајќи се…
Загрижуваат долгорочните здравствени последици од пожарот во…
Неколку месеци по трагедијата, лица кои биле…