Спасовски: Полицијата стана една од најтранспарентните институции со висока доверба кај граѓаните
Полицијата стана една од најтранспарентните институции, со висока доверба кај граѓаните, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
– Довербата на граѓаните во полицијата е драстично зголемена од порано. Од 23% во 2015 година, кога беше на многу ниско ниво поради случувањата со претходната власт како прислушувањето и слично, сега таа е зголемена на високи 65%.
Неодамна беше презентиран и Глобалниот индекс за мир на кој Република Македонија глобално е на високото 36 место, а како најбезбедна држава во Западен Балкан.
МВР од целосно затворена институција во 2017 година, денес, според сите релевантни истражувања, е една од трите најтранспарентни институции во државата.
Континуирано овие години наназад имаме намалување на криминалитетот, оваа година тоа е 9% во споредба со истиот период минатата година. Бележиме значително зголемување на откривачката дејност на полицијата и тоа се параметри кои ќе продолжиме да ги унапредуваме, напиша Спасовски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажни полицајци претепале маж во Центар
„На 21 јуни 2025 година, во 16:30…
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…