Спасовски: Потребна е политичка одговорност за инцидентот на скопскиот аеродром

t

СДСМ повикува на одговорност, во врска со сериозниот беабедносен инцидент, што се случи на скопскиот Аеродром. Не треба само полицискиот службеник кривично да одговара.

Треба да сносат политичка одговорност, оние кои сакаат да се стават над законот, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, при гостувањето во вестите на Сител телевизија.

Спасовски потсети дека Христијан Мицкоски рече дека нема да дозволи ниту еден функционер да се однесува несоодветно, спротивно на интерсите на граѓаните, законите, а ова е конкретен случај, кој можеше да изроди сериозен безбедносен проблем, за кој треба да има и политичка одговрност. Сите вклучително и претседател на било која држава треба да го почитува куќниот ред во државата во која влегува, истакна Спасовски.

Спасовски рече дека и во минатото имало ситуација во која претседателската на Косово, реагирала зоошто треба да помине безбедноста контрола, но тогаш се прифаќало дека редот мора сите да го почитуваат, откако и било укажано дека мора да помине безбедносна контрока.

-Никој не прати лично обзбедување, да реперира пиштол, да нападне полициски службеник, при тоа несвесени дека го загрозуваат објектот на заштита, а тоа е претседателката на Косово, истакна Спасовски, додавајќи шефот на собранието е отиден на лице место, според изјава на претседателот на Собранието, по негова насока, иако тој не може да дава наредба на лицата што го обезбедуваат. Спасовски нагласи дека полицаецот не смеел да исполни наредба што е незаконска, при репетирањето во рамките на аеродромот требало да биде разоружан и приведен, а на аеродромот имало и антитерористички тим Тигар, кои биле спремни да одговорат.

Спречен е поголем инцидент меѓу колеги. Можело да дојде до сериозен вооружен инцидент во кој ќе се загрози и претседателката на Косово. Затоа мора да има кривична одговорност за полицаецот, но и политичка одговорност за претседателот на Собранието, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, при гостувањето во вестите на Сител телевизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Потребна е политичка одговорност за инцидентот…

СДСМ повикува на одговорност, во врска со…

Нема докази дека малата Данка е убиена?…

И додека неофицијалните информации велат дека и…

(Видео) РУСИТЕ ГИ НАПУШТААТ ТЕНКОВИТЕ И БЕГААТ:…

Џими Раштон, аналитичар за безбедност и надворешна…

Црвена Младина го осудува вандализмот врз спомен…

Неидентификувани сторители ги уништиле икебаните и ја…