Црвена Младина го осудува вандализмот врз спомен плочата поставена во чест на жртвите од масакрот кај Карпалак
Неидентификувани сторители ги уништиле икебаните и ја искршиле спомен плочата поставена во чест на жртвите од масакрот кај Карпалак. Овој чин претставува грубо непочитување на жртвите кои ги дадоа своите животи за татковината.
8 Август е еден од најмрачните денови во поновата историја на Република Македонија. Тоа е денот кога се сеќаваме на десетте македонски херои, кои во еден момент на предавство и кукавичлук, го изгубија својот живот. Нивната жртва останува врежана во колективната свест на македонскиот народ, како симбол на непокор и верност кон татковината.
Црвена Младина најостро го осудува овој варварски чин. Како млади луѓе кои својата инспирација за активизам ја црпат од луѓето кои го дале животот за Македонија, апелираме до надлежните институции да ги пронајдат одговорните и да ги казнат соодветно. Не смееме да дозволиме простор за бесмислена омраза и деструктивност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Безбеден град“ ќе препознава и возење без…
Системот „Безбеден град“ наскоро ќе може автоматски…
Сопружници се скарале околу ќерката, па се…
На 03.10.2026 во 16:25 часот во СВР…
Клековски со шокантни бројќи : Околу 1.000…
Околу 1.000 нови случаи на рак на…
УНДП предупредува на „домино-ефект“: Енергијата, долгот и…
Земјите во развој се соочуваат со истовремен…
Пожар на Шар Планина
Пожар избувнал денеска над Боговинско Езеро, на…