Спасовски: СДСМ се грижи за националните и државните интереси
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на партиска трибина во Гази Баба рече дека СДСМ се грижи за граѓаните.
– #СДСМ за грижи за граѓаните, но се грижи за националните и државните интереси, за безбедноста и иднината на оваа земја, порачав пред граѓаните во Гази Баба.
Сите државотворни одлуки важни за иднината на државата ги има донесено СДСМ. Оваа година конечно по 17 години чекање, ги почнавме преговорите за членство во ЕУ.
Јас сум еден од оние кои го потпиша Договорот со Фронтекс, на македонски јазик со чиста формулација без додавки и без фусноти.
Со тоа паднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за наводно бришење и преименување на македонскиот официјален јазик.
Како Македонци со македонски јазик ќе станеме и дел од ЕУ.
Политиките на СДСМ носат придобвки за граѓаните – Затоа и земјава се најде на 36-то место на листата најбезбедни земји во светот, напиша Оливер Спасовски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…
СДСМ се огласи по повод изјавата на…
СДСМ бара Таравари да поднесе оставка
Социлајдемократскиот сојуз бара од министерот за здравство…
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во…
„Зголемените трошоци за живот се претворија во…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…
Починале 20 бебиња за 6 месеци –…
„Сериозно загрижувачки се статистиките за смртноста на…