Спасовски: Факт е дека постои руско влијание кое не ѝ посакува добро на Македонија

t

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, одговарајќи на прашањето дали е реално руски инсталации да се директно инволвирани во обидите да го попречат македонскиот пат кон Европската унија, потенцираше дека постоењето на руско влијание и влијание кое не ѝ посакува добро на Република Македонија е факт.

„Секогаш кога сме доведени во ситуација да остваруваме некој стратешки национален интерес има обиди да биде попречена Македонија на тој пат. Се сеќавате на многу постапки на ширење на лажни вести, протерување на дипломати од Македонија итн., сето тоа е благодарение на активностите и работата на разузнавачката заедница на Република Македонија. Така што во тој правец ќе се продолжи и понатаму и мора да се продолжи се со цел да не дозволиме некој друг да одлучува или да попречува остварување на нашите стратешки национални интереси кои што ги имаме. Секако дека европскиот пат за Македонија нема алтернатива и колку повеќе е засилено влијанието на Европската унија, колку повеќе работиме на градењето на перцепцијата за тоа што значи Европска унија онака баш пластично кажано пред граѓаните, толку повеќе ќе расте и бројот на граѓани кои што ја поддржуваат оваа идеја. Така што секое влијание од било кого од надвор мора да се спречи и одлуките мора да бидат оставени на граѓаните и на институциите на државата“, изјави Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…

Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…

ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…