Спасовски открива дека МВР спречила хакерски напади врз пописот, дури од Русија
„Ние сме прогласени од Русија за земја-непријател, со што сме на мета на сајбер-напади, но такви напади ние имаме откако почнавме со пристапниот процес во НАТО. Имаше многу напади, дури и во последниот месец“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Тој додаде дека најважно е тоа што државните институции изградиле механизми кои создаваат отпорност од вакви напади и дека државата успешно ги гради капацитетите.
„Најголемиот предизвик во сајбер-безбедноста се човечките ресурси, но ние имаме навистина добри експерти во делот на компјутерски криминал и компјутерска форензика. Тие капацитети ги зголемуваме со подобрување на условите за работа“ рече Спасовски.
Министерот додаде дека сајбер-напади имало и за време на одржувањето на пописот, но МВР и Телеком успешно ги одбиле и ниту еден од тие напади не направил посериозен проблем и не уништил податоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
Српска листа: Од доаѓањето на Албин Курти…
Нападот и грабежот на Петар Костиќ (20)…
(Видео) Серија напади врз руски региони: Горат…
Единиците за противвоздушна одбрана пресретнале 35 украински…
Папата Франциск ги осуди нападите врз Евреите…
Папата Франциск денеска го осуди „ужасниот пораст…
Xамас ја презеде одговорноста за смртоносните напади…
Палестинската исламистичка организација Хамас денеска ја презеде…